вторник, 22 октомври 2024
Претходно Димовска побара изземање и од предметот Талир

Судијка бара да не го суди Титаник оти во предметот имала колешка и познаник од слави

Судијката Даниела Димовска поради приватни причини денеска побара да биде изземена од Судечкиот совет во предметот Титаник. Претходно, таа побара изземање и од предметот Талир.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за двата предмети што и беа распределени, а кои ги водеше судијата Осман Шабани, кој неодамна беше избран за судија во Апелационен суд Скопје.

Пред денешната расправа која беше одложена за 1 март, судијката посочи дека со еден од обвинетите била колешка додека работела во Собранието, а со друг, како што рече, се познавале од слави.

Предметот Талир се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и беше отворен 2019 година и беше во доказна постапка, како и повторената постапка за случајот Титаник кој започна во 2018 година.

Поради смената на Судечкиот совет двата предмети сега ќе треба да започнат од почеток. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ