четврток, 21 ноември 2024

Судењето за корупција на Нетанјаху ќе продолжи во февруари

Судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува да продолжи во февруари, објави највисокиот израелски суд.

Објавено на

часот

Сподели

„Судењето на Нетанјаху под обвинение за поткуп, измама и повреда на довербата ќе продолжи од февруари“, се вели во соопштението на Високиот суд на правдата, пренесува Анадолија, повикувајќи се на Џерусалим пост.

Судењето започна во мај 2020 година и беше одложено неколку пати поради спорови на одбраната и обвинителството и пандемијата ковид-19.

Во меѓувреме, Нетанјаху е обвинет дека се обидел да ги заобиколи своите правни проблеми со промена на законот. Низа протести се одржаа во Израел и поради плановите на Нетанјаху да го реформира судството.

Судењето требаше да продолжи во октомври, но беше прекинато по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, кога Израел започна одмаздничка воена офанзива во Појасот Газа во која беа убиени најмалку 20.674 Палестинци, главно жени и деца, а беа ранети 54.536.

Судот го прифати барањето на одбраната рочиштата да се одржуваат само два пати неделно, наведувајќи го недостатокот на можност на премиерот да се подготви за сведочењето на новите клучни сведоци среде војната во Газа.

Во ноември 2019 година, Нетанјаху беше обвинет за измама, нарушување на довербата и поткуп во три одделни случаи.

Тој негира дека направил нешто незаконско и тврди дека е жртва на политички оркестриран „лов на вештерки“ што, според него, го започнале ривалите и медиумите за да го сменат од функцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ