Со новиот договор спротивставените страни се согласија на седумдневен прекин на огнот, кој стапува на сила во понеделник или 48 часа по потпишувањето, објави американскиот Стејт департмент.
За разлика од претходните договори до кои не се придржуваа завојуваните страни, договорот постигнат во саудискиот град Џеда ќе се спроведе со поддршка на САД, Саудиска Арабија и меѓународниот механизам за следење на прекинот на огнот.
Борбите меѓу суданската војска и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) влегоа во шестата недела, втурнувајќи ја земјата во хаос, раселувајќи повеќе од еден милион луѓе.
Залихите на храна, пари и основни потреби брзо се намалуваат, додека банките, амбасадите, фабриките за храна и магацините за хуманитарна помош биле нападнати од разбојници.