„Износот на разликата за студентите ќе се надомести преку две исплати, односно еден дел ќе им биде префрлен на трансакциските сметки во октомври 2023 година, а вториот дел во февруари 2024 година. Додека за учениците износот на разликата до зголемените стипендии ќе се исплати во октомври 2023 година. Напоменуваме спогодбите ќе можат да ги потпишат само оние ученици, односно студенти кои доставија анекси на договорите за стипендија до Министерството за образование и наука во предвидениот рок“, соопштија од МОН.
Студентите и средношколците ќе земаат повеќе пари, МОН ќе им ја исплати разликата од зголемените стипендии
ТОП ВЕСТИ