недела, 20 октомври 2024

Струмица, Берово, Штип, Кочани… добија апарати за селекција на отпадот

Неколку општини во Македонија, како Струмица, Берово, Штип, Кочани, Крива Паланка и Струга во соработка со компанијата Пакомак, и поставија повратни вендинг машини, обезбедувајќи им на своите жители  алтернативен начин на селективно одложување на пластичните шишиња и алуминиумски лименки, а истовремено и можност за освојување зелени поени и награди кои тие ги овозможуваат. Овие општини издвоија од општинскиот буџет симболични средства.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е успешен концепт за подигнување на еко-свеста во овие општини и силен придонес кон креирање еко навики во однесувањето на граѓаните. Ова е пример што треба да го следат сите останати општини во земјава бидејќи со овие стимулации се помалку отпад од пакување ќе завршува на депониите со што и ќе се намалат општински трошоци и од друга страна ќе имаме задоволни и едуцирани граѓани кој што ќе се грижат за околината во која што живеат“, изјавуваат од општините.  

Секој оној кој што сака да ги користи бенефитите од вендинг машините ќе треба да ја има инсталирано на својот мобилен телефон мобилната апликација со преземање од Play Store или I Tunes и на тој начин може да ги одложи своите алуминиумски лименки и пластични шишиња во машините, заработувајќи вредни зелени поени во процесот. 

Со прифаќање на повратните вендинг машини на Пакомак општините се вклучија во одржливи практики, а со непречената интеграција на технологијата и рециклирањето им дава моќ на граѓаните да имаат позитивно влијание врз животната средина. Со секоја рециклирана лименка или шише, поединците не само што заработуваат зелени поени, туку придонесуваат и за севкупната мисија за создавање посвесно општество. 

„Се надеваме дека и останатите општини ќе го следат овој светол пример. Секој може да помогне да се создаде чувство на одговорност и почит кон околината и да ги спознаат граѓаните со придобивките од рециклирањето и како тоа помага да имаме чисти општини. Во секоја општина која ќе пројави интерес за ваков тип на соработка Пакомак ќе постави повратни вендинг машини“, изјави Ико Брдароски од Пакомак.  

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ