вторник, 26 ноември 2024

Струмица загуби во првото коло од Купот на ЦЕВ, пораз во златен сет од Капошвар

Струмица со убедлива победа од 3-0 замина на гостувањето кај унгарскиот тим Фино Капошвар, но дрим-тимот составен од македонски репрезентативци беше поразен во златен сет.

Објавено на

часот

Сподели

Капошвар го доби регуларниот дел од мечот исто така со 3-0 (25-19, 28-26, 26-24), па правилата во одбојката велат дека при идентични победи се игра златен сет.

Во тој решавачки сет Капошвар беше подобар од Струмица со 15-11 и го елиминира македонскиот тим од Европа.

Никола Ѓорѓиев со 26 поени беше убедливо најдобриот ракометар во струмичкиот тим, Маџунков и Љафтов реализираа по 9. Кај Фино Капошвар најдобар беше Кинезот Јанг со 27 поени.

Струмица напрваи вистински дрим тим, имаше големи амбиции во Европа, но испадна уште на стартот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ