вторник, 22 октомври 2024

Струга е есенски шампион, важна победа на Вардар против Тиквеш

Струга со 2-1 ја победи Брегалница и на чело на табелата го заврши есенскиот дел од сезоната, Вардар со 2-0 го совлада Тиквеш и освои три бода за надеж дека на пролет ќе може да стигне до места кои ќе го задржат во првата лига.
 

Објавено на

часот

Сподели

Денеска се одиграа преостанатите пет натпревари од 18. коло во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ), со нив е спуштена завесата на есенскиот дел од сезоната.

На првото место ќе презими Струга која со гол во судиското продолжение ја победи Брегалница со 2-1. Шампионот водеше со гол на Компаоре рано во мечот, изедначи Велкоски на 20 минути пред крајот, а домаќините во завршниот дел дадоа уште еден гол за триумф и три бода, стрелец повторно беше Компаоре.

Вардар освои три големи бода откако со 2-0 го победи Тиквеш на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Глишиќ во средината од првиот дел донесе водство за Вардар од 1-0, а во финишот од мечот Велковски погоди за победа од 2-0.

Шкупи со 1-0 победи на гостувањето кај Брера во Струмица со гол на Тапановски рано во мечот.

Шкендија го совлада Силекс со 3-1. Херој на тетовскиот тим беше Аганспахиќ кој беше стрелец на два гола, Тотре погоди еднаш. Погодокот за кратовскиот тим беше дело на Ѓорѓиевски од пенал.

Најмногу голови имаше во Охрид каде Воска со 3-2 го победи Работнички. Домаќините со голови на Јахији и Марушиќ имаа водство од 2-0, но романтичарите преку Гандо и Тодоровски успеа да се врати и да изедначи на 2-2. Сепак во самиот финиш домаќините дадоа и трет гол и победија со 3-2.

Резултати 18. коло:

Брера – Шкупи 0-1

Вардар – Тиквеш 2-0

Шкендија – Силекс 3-1

Воска – Работнички 3-2

Струга – Брегалница 2-1

Вчера

Гостивар – Македонија ЃП 1-0

Табела: Струга 39, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 27, Гостивар 24, Работнички 23, Тиквеш 22, Брера 20, Воска 20, Македонија ЃП 18, Брегалница 17, Вардар 17.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ