петок, 18 октомври 2024
Ангелов апелира граѓаните да ја почитуваат забраната

Стручни лица проценуваат дали ќе може да се реновира мостот кој изгоре близу Ист гејт мол

Објавено на

часот

Сподели

„Во секој случај апелирам до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, бидејќи мостот можеби нема сериозна штета, но постои другата можност која што е најнепосакувана и до која што искрено се надевам дека нема да дојде“, рече Ангелов. 

Податоците коишто ги добив од Противпожарната бригада на Град Скопје според видот на огнот, додаде, се дека температурата при пожарот била повисока од 1.000 степени Целзиусови. 

„Бетонската подлога од долната страна на мостот која што го штити мостот ги губи дел од своите својства над 400 степени Целзиусови, додека металната арматура над 600 степени постои опасност да изгуби дел од своите својства. Поголемата опасност е во тоа што носечките елементи на мостот се на долната страна, оние коишто во суштина го држат целиот мост, а пожарот беше токму под нив“, истакна Ангелов.

Стручните лица, како што кажа, ќе излезат со точен податок колкава е штетата по мостот, а врз основа на тоа ќе се одлучи дали  воопшто ќе може да се реновира мостот, односно колку време ќе биде потребно мостот да се стабилизира доколку се утврди дека штетите не се толку големи. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ