сабота, 19 октомври 2024

Страшен судир во Мото ГП при брзини од 300 км на час (ВИДЕО)

Хорхе Мартин беше најбрз во спринтот на ГН на Австралија, но трката беше одбележана од страшниот судир помеѓу Бецеки и Вињалес при брзини од 300 км на час.

Објавено на

часот

Сподели

Овој викенд во Мото ГП на програмата е трката во Филип Ајленд, а утрово се возеше спринтот на кој победи Хорхе Мартин, пред Марк Маркез, Енеа Бастијанини и актуелниот шампион Франческо Бањаја.

Но трката ја одбележа страшниот судир помеѓу Марко Бецеки и Маверик Вињалс во првиот свиок на два круга до крајот.

Маверик Вињалес го претекна Марко Бецеки на правецот, но возачот на Дукати се прецени на кочење па дојде до контакт при брзини од 300 км на час, и за среќа двајцата поминаа само со помали повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ