вторник, 22 октомври 2024
Потрагата продолжува

Стотици полицајци трагаат по исчезнатата Вања, Спасовски вели дека се прегледани камери, а се пребаруваат реки, цркви, манастири…

Објавено на

часот

Сподели

„Се пребаруваше и речното корито на Вардар, се пребаруваат сите подрумските простори не само во околината, туку и пошироко. Се работеше и на добивање податоци од црквите и манастирите во околината на Скопје и тука нема да се застане, интензивно се работи,“ рече Спасовски. 

Им се заблагодари и на медиумите за објективното информирање и борбата против лажните вести кои се шират на социјалните медиуми.

Вања исчезна во понеделникот рано наутро на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот Партизански одреди. 

МВР објави и нејзина фотографија и опис во листата на исчезнати, а по неа трага и Интерпол. За неа информираа и дел од медиумите во регионот. Потрагата по девојчет уште е активна. 

Што се однесува до невистинитото информирање за случајот со исчезнатото девојче од страна на некои непрофесионални портали и неновинари, денеска и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги предупредува да се внимава при информирањето за вакви настани.

При објавување на содржините задолжително да се користат точни и проверени информации и да се користат кредибилни извори со цел да не се подгрева ситуацијата дополнително и да не се предизвикува страв и паника кај јавноста. Новинарите треба да бидат особено внимателни при преземање објави од социјални мрежи како и од други извори чија веродостојност не може да се утврди“, се вели меѓу другото во соопштението на Агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ