петок, 25 октомври 2024

Стотици илјади луѓе на Карибите без струја поради тропската бура Ернесто (ВИДЕО)

Повеќе од половина милион луѓе се без струја во Порторико и Девствените Острови поради тропската бура Ернесто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Денеска бурата се движеше над океанот, на околу 200 километри северозападно од Сан Хуан, во Порторико, со брзина од околу 100 километри на час.

Властите на Американските Девствени Острови пријавија прекин на струјата на целиот остров во Сент Кроа, додека во Порторико без струја останаа повеќе од половина милион луѓе. На тие територии сѐ уште се предвидуваат обилни врнежи.

Ернесто се очекува да зајакне од тропска бура во ураган во текот на денот, но Националниот центар за урагани во Мајами вели дека податоците од радарот сè уште не укажуваат на тоа. Предупредување за тропска бура е во сила за Порторико, Викес, Кулебра и американските и британските Девствени Острови.

Таму денеска не работат училиштата и институциите, а патиштата во некои области се блокирани поради поплавите.

Откажани се речиси 100 летови до и од Порторико.

Се прогнозира дека Ернесто ќе се движи по отворени води до крајот на неделава, а до копно најблиску ќе се доближи до Бермудите в сабота.

Се очекува во наредните денови да стане голема бура од трета категорија, а потоа малку да ослаби до втора категорија како што ќе се приближува до Бермудите.

Додека Ернесто се движи кон Бермудите, синоптичарите предупредуваат на силни налети на ветер долж источниот брег на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ