вторник, 23 јули 2024

Столтенберг: Видени се сериозни инциденти на Западен Балкан

Објавено на

часот

Сподели

„Само што се вратив од посетата на регионот и она што го гледаме таму е дека тензиите растат. Видовме зголемени тензии и запалива реторика во Босна и Херцеговина. Всушност видовме сериозни инциденти на насилство на Косово, вклучително и напад врз мировниците на НАТО“, рече Столтенберг при влегувањето во седиштето на НАТО пред почетокот на првиот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата.

Столтенберг додаде дека за време на инцидентите биле ранети 93 војници на НАТО, од кои некои многу сериозно.

„Значи, ова се сериозни инциденти и мора да останеме фокусирани на Западен Балкан во исто време кога, се разбира, се справуваме со војната во Газа и исто така продолжуваме да даваме поддршка за Украина. Бидете уверени, НАТО ќе направи сѐ што е потребно за да обезбеди стабилност во регионот, бидејќи тоа е важно не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа и НАТО“, рече генералниот секретар на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ