петок, 25 октомври 2024

Столтенберг: Украинските напади на руската Црноморска флота се изведувани со ракети од Западот

При нападите на руските бродови се користени ракети „сторм шедоу“ и „скалп“ кои на Киев му ги испорачаа земји од НАТО, кажа генералниот секретар на западниот воен пакт Јенс Столтенберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Некои од проектилите и системите кои беа клучни во отворањето на овој коридор ги доставија НАТО сојузниците“, потврди Столтенберг.

Тој напомена дека успесите во овие напади во Црно Море ја потврдуваат важноста на вооружувањето ан Украина, и ја покажуваат силата и вештината на украинските оружени сили.

Тој не откри кој го вршел извидувањето и одредувањето на целите.

Столтенберг, претставувајќи го редовниот годишен извештај за безбедноста на НАТО, кажа и дека руското хиперсонично оружје бара Алијансата да направи посилен систем за противракетна одбрана.

Повтори дека во НАТО, како и до сега, не гледаат директна закана од страна на Русија кон која било земја членка.

Според него, европските сојузници во воениот пакт во текот на оваа година на одбраната ќе потрошат 470 милијарди долари односно два отсто од нивниот вкупен БДП.

Апелираше до сојузниците да побрзаат со испораките на помош за Украина на која ѝ снемува муниција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ