вторник, 22 октомври 2024

Столтенберг: Не верувам дека резибор на Трамп би го загрозил членството на САД во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги отфрли стравувањата дека резибор на поранешниот американски претседател Доналд Трамп би го ослабел западниот воен пакт во моменти на обезбедување продолжена помош на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Столтенберг кажа дека во ниеден момент не верува дека враќањето на Трамп на претседателската функција би го загрозило американското членство во НАТО пактот.

„Верувам дека САД ќе продолжат да бидат сојузник во НАТО, без оглед на исходот на американските избори бидејќи тоа е во американски интерес“, кажа тој во интервју за Си-ен-ен.

Републиканецот Трамп, жесток критичар на постапките на НАТО во своите денови на функција, се закани дека ќе ја повлече земјата од воениот пакт. Тој ги скастри средствата за одбрана за НАТО и повторуваше дека САД плаќаат повеќе од што би требало.

„Работев со него четири години и внимателно го слушав. Главната критика беше насочена кон тоа дека НАТО сојузниците премалку трошат“, кажа Столтенберг.

Генералниот секретар истакна дека во меѓувреме повеќе членки го зголемиле својот воен придонес. „Така што американската порака дека европските сојузници треба повеќе да придонесуваат е прифатена и тие сега навистина се движат во таа насока“, кажа тој.

Трамп продолжува да го критикува воениот блок, порачувајќи за време на викендот во кампањата за републиканската номинација за претседателските избори дека не верува дека членките на НАТО би ги поддржале САД во случај на напад.

Договорот на НАТО содржи член кој гарантира заемна одбрана на земјите членки во случај на напад врз една од нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ