„Кога војната ќе заврши, НАТО ќе мора да има спремни опции кои ќе обезбедат Русија да не може едноставно да ги регрупира своите сили за некој нов напад“, кажа Столтенберг на брифинг за новинарите во Брисел, пренесува Ројтерс.
Истовремено, Столтенберг јасно даде до знаење дека НАТО, според одредбите на членот 5 од Вашингтонскиот договор, им пружа безбедносни гаранции само на полноправните членки на воениот пакт.