сабота, 19 октомври 2024

Стоилковска се пласира во четвртфиналето на турнирот во Египет

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска игра одлично на турнирот во Шарм Ел Шеик, овојпат во два сета ја помина Италијанката Џулијана Бесети.

Објавено на

часот

Сподели

Откако ја елиминираше првата носителка, денеска Стоилковска со многу самодоверба ја доби и Италијанката Бесети.

Македонската тенисерка го доби првиот сет со 6-1, додека во вториот триумфираше со 7-5 за пласман во четвртфинале на турнирот.

Следна противничка на Стоилковска ќе биде Дарија Кучер од Полска која денеска беше подобра од Јуџин Ким со 2-0 во сетови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ