петок, 12 јули 2024

Стоилковиќ да го признае најпрво Косово, бара Алијанса на Албанците на Села

Јавно бараме пред гласањето на владиниот кабинет, Стоилковиќ јавно да се изјасни за признавање на Косово како независна држава, признато со Уставот на земјата, како и да се огради од Путин и Вучиќ и да се изјасни за ЕУ ​​и САД, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците, крилото на Зијадин Села откако мандатарот Христијан Мицкоски за вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците го предложи лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај тоа што ќе биде нелегитимна, најавената Влада што доаѓа сега се додава и со антиалбански, антизападни и антиуставни елементи во однос на соседните земји. Министерот и вицепремиер кој ќе биде посветен на Охридскиот договор, Иван Стоилковиќ, е познат по својот проруски став и во линија со српскиот претседател, Александер Вичиќ, не ја признава независноста на Косово, со што сериозно го крши Уставот на земјата,  како и го негира геноцидот во Сребреница и истиот го исмева.

Јавно бараме пред гласањето на владиниот кабинет, Стоилковиќ јавно да се изјасни за признавање на Косово како независна држава, признато со Уставот на земјата, како и да се огради од Путин и Вучиќ и да се изјасни за ЕУ ​​и САД. Дополнително, Стоилковиќ мора да го прифати и српскиот геноцид во Сребреница во согласност со резолуцијата на Генералното Собрание на ОН за која гласаше и Северна Македонија.

Апелираме и до коалицијата која ги загуби парламентарните избори (Вреди) барем во овој дел да не биде сервилна и да не се согласува да биде во Влада додека Стоилковиќ не ги даде горенаведените изјави“, се вели во реакцијата на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ