сабота, 19 октомври 2024

Стејт департментот: Русија мора да има јасни барања за да го решиме проблемот со извозот на жито

Објавено на

часот

Сподели

Тој во разговор со новинарите кажа дека Соединетите Држави се спремни да помогнат, но дека е „нејасно што Русија смета за успех“.

„Тоа е проблемот… Русија извезува рекордни количества жито, соопштија дека станува збор за количество од 61,8 милиони тони во текот на минатата година, што мислам дека е 10 до 15 отсто повеќе од која било година пред тоа. ако мерката ни е количеството храна на глобално ниво, тогаш треба да се фокусираме на процесот на кој посредуваат ОН и Турција, кој помага Русија да извезува, а тие се жалат на ситници во системот кој работи многу добро“, наведе О’Браен.

Тој истакна дека светскиот пазар во изминатите година и пол почнал да се опоравува од шокот предизвикан од инвазијата на Украина, но дека нештата се влошиле неодамна „бидејќи Русија одлучи да се обиде да ја спречи Украина воопшто да извезува“.

„Русија го напаѓа глобалниот систем на безбедно снабдување со храна и мислам дека не смееме да молчиме за тоа. Русија мора да остане изолирана, изразувањето солидарност за ова прашање е многу важен став што сака да виде светот од Русија во контекст на оваа војна“, кажа американскиот функционер.

Како цел на излегувањето на Москва од договорот тој го смета растот на цените за Русија да го сврти вниманието на своите барања.

„Пред војната Украина обезбедуваше околу 10 отсто од житото на глобалниот пазар, а околу 40 до 50 отсто од она што Глобалниот фонд за храна им го испраќаше на најсиромашните земји во светот“, кажа О’Браен.

Покрај тоа што Русија го блокира извозот и што најави дека секој брод што ќе исплови ќе биде легитимна воена мета, О’Браен ја обвини Русија дека бомбардира магацини и дека вчера биле уништени 2.200 тони складирано жито.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ