Како што објавија од Месната заедница (МЗ) Галичник, двојката ги исполнува сите потребни услови за учество на Галичката свадба.
„Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!“, се вели во објавата на фејсбук на МЗ Галичник.