петок, 18 октомври 2024

Статутот на клубот „Иван Михајлов“ пред Уставен суд на иницијатива на Левица

Објавено на

часот

Сподели

    Уставниот суд на денешната седница ќе разгледа една иницијатива за оценување на уставност и законитост и една иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружение на граѓани. 

    Како што информирааат од судот, подносителот Левица наведува дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

    Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на  национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.  

    На дневен ред на седницата е и иницијативата за оценување на уставност и законитост на член 236 став 2 алинеја 1 од Законот за социјална заштита „Службен весник бр.104” од 23.05.2019 година, член 1 став 1 точка 1 од Правилникот за начин на издавање, продолжување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници („Службен весник бр.79” од 26.03.2020 година).

    Според подносителката на иницијативата, во членот 236 став 1 и 2 од Законот за социјална заштита кој ја регулира постапката за лиценцирање, образовните профили кои можат да се стекнат со општа лиценца за работа не кореспондираат со членот 194 став 1 од истиот закон бидејќи сите стручни работници во установите за социјална заштита наведени во членот 194 став1  и членот 197, освен правник, педагог, социјален работник и психолог се дискриминирани во постапката за лиценцирање. 

    ТОП ВЕСТИ

    ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ