вторник, 22 октомври 2024

Среќа, радост, љубов, хармонија и мир, посака претседателката на Македонија во празничната честитка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед. „Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам“, вели Сиљановса Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

Во честитката понатаму се вели:

„Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир.

Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна.

Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.

Честит Курбан бајрам“, се вели во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ