На средбата, меѓу другото се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во областа на одбраната, коишто, како што било оценето, бележат континуиран развој, во духот на НАТО- сојузништвото и стратешкото партнерство во сите области од заемен интерес.
Како што информираат од кабинетот на претседателката Силјановска-Давкова го нагласила исклучително значајниот придонес на турските вооружени сили преку воено-финансиските договори, како и годишните планови за соработка кои обезбедуваат финансиска поддршка, воена опрема, одбранбени системи и обука на нашиот воен персонал..
„Изразувајќи задоволство од непоколебливата и конкретна поддршка од Турција и турските институции од осамостојувањето на македонската држава, претседателката Силјановска- Давкова ја нагласи нејзината заложба за дополнително негување и зајакнување на блиските врски меѓу двете држави и за поттикнување меѓусебни посети на високо ниво“, се вели во сооштението од кабинетот на претседателката Силјановска-Давкова.