понеделник, 21 октомври 2024

Средба на лидерите на Хезболах, Хамас и Исламски џихад: „Правиме планови за вистинска победа“

Лидерот на либанскиот Хезболах се состана со лидерите на палестинските милитантни фракции Хамас и Исламски џихад за да разговараат за тоа што нивната алијанса мора да направи за да постигне „вистинска победа на отпорот“, соопшти Хезболах.

Објавено на

часот

Сподели

Тешко вооружениот Хезболах, дел од регионалната алијанса поддржана од Иран, секојдневно разменува оган со израелските сили долж израелско-либанската граница откако изби војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

На средбата присуствуваа Сајед Хасан Насрала од Хезболах, заменик-лидерот на Хамас Салех ал-Арури и лидерот на Исламскиот џихад Зиад ал-Нахал, се наведува во соопштението на Хезболах. Не беше наведено кога се одржала средбата.

„Направена е проценка на заземените меѓународни позиции и она што страните на Оската на отпорот мора да го направат… за да се постигне вистинска победа на отпорот во Газа и Палестина и да се запре бруталната агресија“, рече Хезболах, пренесе Ројтерс.

„Постигнат е договор за продолжување на координацијата“, беше соопштено.

Хезболах во средата објави дека се убиени уште двајца негови членови, со што бројот на загинати во неговите редови од почетокот на конфликтот достигна 40 борци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ