вторник, 22 октомври 2024

Средба на Гаши и на владината делегација со американски конгресмени

Во рамки на активностите на делегацијата на Македонија на самитот на НАТО, на средбата со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс, пензиониран генерал и поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама, учествуваше и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти собраниската прес-служба, биле споделени размислувања на двете страни за македонските приоритети во светската безбедносна архитектура.

„Беа разгледани можностите за капитални економски инвестиции, а се потенцираше и посветеноста на новата Влада и сите државни институции во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како предуслов за развој на државата и бенефит на сите нејзини граѓани, се вели во соопштението од Собранието.

Конгресмените изразиле поддршка на земјата, во контекст на сојузништвото во НАТО и нејзината европската интеграција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ