вторник, 22 октомври 2024
Во Министерството за одбрана

Средба Мисајловски – Агелер: Со САД ја јакнеме националната и регионална безбедност

„Заедно со нашиот стратешки партнер САД ја зацврстуваме националната, регионалната безбедност и колективната одбрана во Алијансата. Мирен и стабилен регион е од особена важност за прогрес на сите земји од Западен Балкан, а македонската Армија како докажан сојузник ќе продолжи активно да придонесува во операциите за поддршка на мирот“, потенцирал министерот за одбрана Владо Мисајловски на средбата со американската амбасадорка Анџела Агелер.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот изразил благодарност за досегашната континуирана поддршка од  стратешкиот партнер Соединетите Американски Држави за развој на нашата земја особено за развој на одбранбените капацитети. На средбата со Агелер, присутни биле  новото одбранбено аташе полковник Даниел Сквајерс и потполковник Шон Руфоло, како и шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка.

Тој посочил дека САД во изминатите 30 години активно придонесуваат за стабилен регион, а благодарение на програмите за обука, тренинг и стручно усовршување, како и поддршката за модернизација и опремување на Армијата, денес припадниците на Армијата даваат значаен придонес во рамки на командните структури на Алијансата и во мировните мисии предводени од НАТО, ЕУ и ООН.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за одбрана, од двете страни било искажано уверување дека одличната одбранбена соработка помеѓу двете земји ќе продолжи со засилен интензитет.

На состанокот, меѓу другото, се разговарало и за актуелната безбедносна состојба во регионот и на Европскиот континент во насока на зачувување на безбедноста, стабилноста и мирот на граѓаните, како и за претстојниот Самит на НАТО кој ќе се одржи наредниот месец во Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ