недела, 24 ноември 2024

Средба Минчев-Клековски, тема развој на здравствениот сектор

Соработката меѓу двете институции и можностите за развој на здравствениот сектор беа темите на разговорот на министерот за јавна администрација Горан Минчев со директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот Минчев и директорот Клековски разменија идеи за оптимизација на процесите, како и за подобрување на ефективноста и транспарентноста во управувањето со здравствените ресурси. Обете страни се согласија дека интегрираната соработка е клучна за постигнување на целите во здравството и за унапредување на условите за граѓаните“, се вели во соопштението.

Минчев и Клековски, како што се наведува, се согласија дека континуираниот дијалог и заедничкото работење ќе постигнат позитивен ефект на здравствениот систем и јавната администрација во целост, соопшти Министерството за јавна администрација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ