недела, 21 јули 2024

Србљак и Ивановски го поминаа првото коло на фјучрсот во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Србљак со 2-0 во сетови ја доби македонската пресметка против Томислав Јотовски. Победи со 6-0 и 6-2.

Во второто коло Србљак ќе игра против Киркин од Турција кој го доби мечот против Германецот Граф.

Калин Ивановски кој е четврти носител на турнирот, водеше голема борба против Тибо Колсон од Белгија, на крајот победи со 2-1 (4-6, 6-2, 6-4) во сетови. 

Утре во второто коло ќе игра против Ален Бил од Хрватска кој со 2-0 во сетови го победи Ханс Алберт Шуберт од Чиле.

Останатите македонски тенисери ги загубија своите мечеви, Амар Хусеиновиќ беше убедливо поразен од Украинецот Биелдугин со 0-2 (1-6, 2-6). Стоилковски со 0-2 (4-6, 1-6) загуби од Британецот Петровиќ, Дургути доживеа пораз од Русинот Амиров 0-2 (3-6, 1-6), Марковски загуби од Србинот Војиновиќ 0-2 (3-6, 4-6) и Бугариќ беше поразен од Романецот Дика со 0-2 (1-6, 6-7).

На турнирот во двојки, Деари и Мицов беа поразени од Башиж од БиХ и Зекиќ од Србија со 0-2 (4-6, 2-6).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ