понеделник, 21 октомври 2024

Србљак ги мина квалификациите – ќе игра на главниот турнир во Ираклион

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак се пласираше на главниот фјучрс турнир во Ираклион откако победи на три квалификациски меча.
 

Објавено на

часот

Сподели

Сите три меча Србљак ги победи со 2-0 во сетови и утре во првото коло од главниот турнир во Ираклион ќе игра против американскиот тенисер Мајкл Зу.

Во првото коло од квалификациите македонскиот тенисер го победи Дејвид Мирзахи од САД со 2-0 во сетови (6-2 6-3), а во следната рунда беше поуспешен од домашниот тенисер Стефанос Шинас со 2-0 (7-5 6-3). Во мечот за влез на главниот турнир Србљак го победи Икраинецот Васил Егоров со 2-0 (6-4 7-6(4)).

Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ