сабота, 19 октомври 2024

Србите за еден месец предале еден куп оружје

Објавено на

часот

Сподели

Од 8 мај до 8 јуни предадени се повеќе од 62.800 парчиња оружје и минско-експлозивни средства и околу три милиони парчиња муниција од разни калибри.

До крајот на јуни оружјето, муницијата и бомбите можат да се предадат без последици и доказ за потеклото, а потоа се најавени ригорозни претреси, контроли и остри казни, вклучувајќи и затворски. Според претходен извештај, направен во глобалната Анкета за лесно оружје, Србија и Црна Гора го делат третото место во светот по бројот на оружје во рацете на цивили, зад САД и Јемен.

Се проценува дека цивилното население на Балканот има девет пати повеќе оружје од војската и полицијата, според анкета од 2018 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ