четврток, 31 октомври 2024

Србин со пасат усмрти пешак на патот Куманово-Крива Паланка

Вчера во 17.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило фолксваген пасат со српски национални ознаки, управувано од В.Б.(46) од Србија удрило во пешакот Б.Д.(64) од с.Облавце.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ