вторник, 22 октомври 2024

Србија според перцепцијата на корупцијата е најлоша во последните 12 години

Србија продолжи со падот во глобалното рангирање на земјите според перцепцијата на корупцијата во јавниот сектор и за 2023 го задржа индексот 36, што е најлошо во изминатите 12 години и се наоѓа на 104 позиција од 180 рангирани земји, објави организацијата Транспарентност Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Србија е под светскиот просек за седум бодови, а за дури 28 е полоша од просекот на земјите членки на Европската Унија, покажуваат податоците на светската листа на Индексот на перцепција на корупцијата на организацијата Транспаренси интернешнал.

Од државите од регионот полоша од Србија е само Босна и Херцеговина со индекс 35, додека Албанија, со која Србија минатата година ја делеше 101 позиција, сега е подобра и има индекс 37.

Во годишниот извештај на Транспаренси се наведува дека Србија се соочува со пропаѓање на демократијата, а нејзината автократска влада користи посебни закони за да ја ограничи транспарентноста во големите проекти.

Србија добила оценка 36 на скалата од нула (исклучително корумпирана земја) до 100 (земја без корупција).

Косово има индекс 41, Македонија и Унгарија имаат индекс 42, Бугарија 45, а Црна Гора и Романија индекс 46. Шеста година по ред на врвот на листата е Данска, со индекс 90, идентично како и во претходното рангирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ