сабота, 19 октомври 2024

Србија негира дека ќе ѝ испраќа оружје на Украина

Објавено на

часот

Сподели

„По кој знае кој пат е објавена лага дека Србија ѝ продава оружје на Украина. Некој очигледно има цел да ја дестабилизира нашата земја и да ја вовлече во конфликтот во кој не сакаме да учествуваме“, кажа српскиот министер за наводните сознанија на британската агенција Ројтерс која објави наводни информации од таен документ на Пентагон дека Србија се обврзала да ѝ испраќа оружје на Украина или веќе тоа го направила.

„Повеќе од десет пати ги демантиравме тие невистини и еве, ќе го направиме тоа пак. Србија ниту продавала, ниту ќе продава, оружје ни на украинската ни на руската страна, ниту на земји во опкружувањето на тој конфликт. Некој очигледно сака да ја вовлече Србија во тој судир но ние принципиелно се држиме до нашата утврдена политика“, кажа Вучевиќ.

Тој истакна дека Србија, нормално, им продава оружје на трети страни, но кои се далеку од конфликтот и немаат врска со него.

„Секогаш постои можност некое оружје на некој магичен начин да се најден на територијата на конфликтот, но тоа нема апсолутно никаква врска со Србија. Тоа е прашање за оние држави кои не ги почитуваат меѓународните норми, договорните клаузули и принципите на работењето. Повторувам, Србија не ѝ испратила оружје на Украина и сè што е објавено на таа тема се невистинити шпекулации“, кажа Вучевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ