недела, 24 ноември 2024

Србија и Косово: Србите продолжија со протестите на северот на Косово

Објавено на

часот

Сподели

Голем број луѓе се собраа денеска во центарот на Грачаница на митинг за поддршка на Србите од северот на Косово. Со народот се и политичките претставници, а на средбата пеш пристигнаа и работниците од Здравствениот дом од Долна Гуштерица.

Во петокот, на 26 мај, косовската полиција насилно ги внесе градоначалниците Албанци кои беа избрани на изборите што беа бојкотирани од Србите во општинските згради, што доведе до незадоволство на Србите и нови тензии.

Во понеделникот на 29 мај за време на протестот во Звечан дошло до судир меѓу косовската полиција и припадниците на Кфор со српски државјани. Во таа прилика беа повредени повеќе од 50 Срби и над 20 припадници на меѓународната мировна мисија.

Србите кои изминатите денови мирно протестираат во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ бараат специјалните единици на косовската полиција да ги напуштат сите четири општини и градоначалниците Албанци да не влегуваат во општинските згради.

Денешниот ден во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ започна исто како и претходниот, со присуство на голем број граѓани кои протестираат од една страна и бодликава жица, мобилни огради и војници на Кфор од другата страна.

Повеќето припадници на Кфор сѐ уште се пред општинските згради. Но, денеска не ги носат штитовите кои претходните денови беа дел од нивната опрема, а ги има многу помалку од претходните денови.

Во Звечан раководството на средното училиште кое е сместено во зградата каде што се наоѓа зградата на градската управа побара да ги пуштат за да ги земат свидетелства за учениците, со оглед на тоа што голем дел од нив треба да се запишат на факултети и им е дозволено да го стори тоа.

Во Зубин Поток граѓаните се и пред градската управа, косовската полиција е пред самата зграда, а војниците на Кфор се на околните улици.

Во Лепосавиќ, каде што петти ден престојува новоизбраниот градоначалник Љуљзим Хетеми, сѐ уште е засилено присуството на војници на Кфор пред самата зграда, а истата е засилена со нова бодликава жица.

Граѓаните велат дека и наредните денови ќе се соберат на мирни протести и не се откажуваат од нивното главно барање, косовската полиција да се повлече од северот на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ