петок, 18 октомври 2024

Срамот е мината категорија

Објавено на

часот

Сподели

Мајкл Фасбендер сака публиката да проникне длабоко во неговите мрачни ликови и да се инспирира „заемно да учи“.

Глумецот има работено со режисерот Стив Мекквин, кога во „Глад“ го играше Боби Сендс, затвореник што штрајкува со глад, и во неговиот последен филм, „Срам“, во кој игра зависник од секс, и и покрај тоа што признава дека и двата филма содржат екстремни сцени, се надева дека режисерот може да инспирира „надеж“ кај киногледачите.

За весникот „Скотсман“ тој изјави: „Стив сака да се носи со предизвици. И сака луѓето да размислуваат и да разговараат и да го преиспитуваат сето она што ние го правиме тука, она што си го правиме едни на други и она што, се надевам, може да го учиме едни од други и да напредуваме.“

„Многу е важно да има надеж. Инаку, во што е смислата?“

Мајкл, 34, исто така признава дека оние состојби како што е зависништвото од секс денес се мошне распространети во општеството поради лесниот и анонимен пристап до порнографијата на Интернет.

Тој додаде: „Кога јас имав 14, мораше да досегнеш до најгорната полица – и секогаш имаше некој зад пултот што гледа во тебе. Така, во моментот на купувањето постоеше некој вид срам или непријатност.“

„Сега само треба да одиш на Интернет и таму имаш две илјади милиони опции.“

„Срам“ ќе се појави во киносалите од 13 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ