петок, 18 октомври 2024

Спроти денот на востанието „Октомвриска ноќ“ во Прилеп со дела од Сергеј Андреевски

Во пресрет на 11 Октомври, денот на востанието во Македонија, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски. Во рамките на настанот што ќе се одржи вечерта на 10 октомври со наслов Октомвриска вечер: Прослава на уметноста, поезијата и виното, реномирани актери ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова – Јоциќ. „Чест ми е што за прв пат, токму спроти Денот на народното востание на македонскиот народ, ќе претставам дел од моето творештво во градот на непобедените“, изјави уметникот Андреевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Чест ни е што, академскиот сликар Сергеј Андреевски ја прифати нашата покана за изложба со избор негови дела, кои што ќе го означат неговиот креативен и професионален развој, како реномиран уметник и македонски амбасадор на уметноста, културата, историјата, сė она што е одлика на македонските вредности и убавини“, вели директорката на библиотеката МоникаТалеска и додава дека тоа е соодветен начин за одбележување на 82 години по почетокот на антифашистичката борба и 32 години од независноста на Македонија.

Како што информира Талеска, во рамките на овој настан тројца актери од прилепскиот театар: Даниела Иваноска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски ќе рецитираат избор поезија од Петре М. Андреевски и од Светлана Христова – Јоциќ.  

„Современите битки се водат со промоција на модерно културно ‘оружје’, уметност, песна, оро, храна, вино … Оттука за време на настанот ќе бидат дегустирани и вина од наша македонска винарија, со цел промоција на нашата винска култура и поддршка на бизнис секторот“, вели Талеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ