вторник, 22 октомври 2024

Според интелигенција Македонците пред Грците, а зад граѓаните на поранешна Југославија

Според просечниот коефициент на интелигенција, македонските граѓаните се некаде во светскиот просек, на 49-то место, а во регионот пред грчките и албанските граѓани, а зад граѓанитте на поранешните југословенски републики (за Косово нема податоци), додека Словенците се рангирани на деветтото место во светот.

Објавено на

часот

Сподели

Рангирањето е објавено на страницата „International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година.

Според оваа листа, Македонците имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Тоа е блиску до општиот просек којшто изнесува коефициент 100. Претходниот минатогодишен резултат за македонските граѓани бил 98,21 коефициентен поен.

Во првите 10 земји се наоѓаат: Јужна Кореја (со просечен коефициент на интелигенција од 107,54), Кина (106,99), Иран (106,84), Јапонија (106,18), Сингапур (106,18), Австрија (102,71), Канада (102,6), Германија (102,36), Словенија (102,31) и Монголија со просечен коефициент 102,3.

Од нашето поблиско опкружување, Бугарите имаат просечен коефициент 101,71, Србите – 100,66, Хрватите – 99,73, Босанците – 99,57, Црна Гора има 99,34 просечни поени, Грција е со коефициент 97,51 и Албанија има просек од 97,28 коефициентни поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ