недела, 14 јули 2024

Спомен куќа на Мајка Тереза распиша конкурс за расказ

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Спомен куќата, рокот за испраќање на расказите е до 1 август оваа година. Резултатите ќе бидат објавени на 15 август.

Доделувањето на наградите и благодарниците ќе биде на 5 септември оваа година. Како што се наведува, расказите не треба да бидат подолги од 7200 карактери, да не се претходно објавени, а можат да бидат испратени на македонски, албански и англиски
јазик.

По избор на жирито, најдобрите раскази ќе бидат објавени во збирка, а за првите три места следуваат парични награди. За освоено прво место паричната награда изнесува 15.000 денари, за второ место 10.000 денари и за трето место 5.000 денари.

Расказите треба да се испратат на [email protected], со назнака “За литературен конкурс”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ