сабота, 19 октомври 2024

СПМ: Го предупредуваме СДС да не се осмелат на авантурата од 2018 година

Објавено на

часот

Сподели

Социјалистичката партија на Македонија цени дека инсистирањето на Маричиќ за формирање тимови за продолжување на разговори и започнување на преговори е само можност СДС да ја развлече постапката до редовниот термин на избори за да го продолжи владеењето со ДУИ. Смислено и лажно ја затскрива одговорноста за неуспехот на ветувањата кон Бугарија за идентитетските и историските прашања. Истовремено навредува со ставот за потребен разговор во реални рамки, умислувајќи дека тоа што го предлага СДС е разумно и реално. 

СПM предупредува дека се работи за прашања што СДС ги преземал во преговарчката рамка, со цел за бугаризација на Македонија, нешто што не може да го испорача и за што врши притисок врз опозицијата и преку медиумите шири лаги, еуфорија и невистини.  
„Умислениот Маричиќ безсрамно и инфантилно заклучува дека доколку изостане некаков си разумен дијалог ќе се тргне во раговор и убедување на секој пратеник. Отворено го предупредуваме и СДС и очигледно виолентниот Маричиќ да не се дрзнат и да се осмелат на повторување на авантурата од 2018 година со директен притисок и поткуп врз пратениците. Ние благовремено предупредуваме на последиците од таквиот чин.

Очигледно овие апатридни ликови од власта ги потценуваат опозициските пратеници и нивниот одлучен став против уставните измени, но и се поголемиот отпор кај граѓаните. 

Партиите од власта треба да се подготвуваат одговорност за неспособноста, криминалот и лошото и предавничко владеење“, се вели во соопштението на Социјалистичката партија на Македонија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ