сабота, 19 октомври 2024

Спектакуларниот „метеор“ над Мелбурн всушност е вселенско ѓубре (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Ѕвезда што паѓа над Мелбурн или комета?“ напиша еден корисник на мрежата X. „Не знам дали е метеор, комета или вселенско ѓубре“, напиша друг.

Експерти брзо проценија дека се работи за вселенски отпад што гори поради триењето кога со голема брзина удрил во атмосферата.

Поради големиот интерес на јавноста, австралиската вселенска агенција објави соопштение во кое се наведува дека забележаните блесоци светлина најверојатно се остатоци од руската ракета Сојуз-2, лансирана вчеравечер од космодромот Плесецк, северно од Москва, која повторно влезе во Земјината атмосфера. Ракетата беше искористена за лансирање на сателит порано истата вечер.

„Навистина е неверојатно“, изјави професорот Алан Дафи, астроном од Универзитетот Свинбурн, за радиото ЗАВ. „Тоа е најголемата светлосна претстава што сум ја видел, во смисла на повторното влегување на некој вид материјал од орбитата“.

Ракетата тежи 105 тони, долга е 25 метри и беше исфрлена на „исклучително голема височина“ откако остана без гориво, рече вонредната професорка Алис Горман од Универзитетот Флиндерс. „Многу жители на Мелбурн ја видоа ракетата како лета на небото додека се распаѓаше на парчиња, а секоја од нив продолжи да гори во спектакуларен огномет“, рече таа.

Планирано е остатоците од ракетата сигурно да влезат во атмосферата и да паднат во океанот кај југоисточниот брег на Тасманија, според вселенската агенција, која додава дека „ќе продолжи да ги следи резултатите од ова враќање во атмосферата“.

Дафи рече дека светлината не би можела да дојде од природна вселенска материја како што е камен. „Боите што се гледаат во запалените парчиња сугерираат согорување на метали или пластика. Природните метеори би биле поверојатно да светат зелено или сино поради хемиските елементи од кои се направени“, вели професорот Ричард де Гријс, астрофизичар од Универзитетот Меквари.

Метеорите исто така горат во атмосферата многу пократко време, влегувајќи во атмосферата со бризна од над 10 километри во секунда, вели вонредниот професор Мајкл Браун од Факултетот за физика и астрономија на Универзитетот Монаш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ