Чешкиот шампион го отвори мечот веќе во втората миута од натпреварот кога Каиринен даде гол за водство од 1-0.
На три минути пред крајот на првото полувреме Олатуњи погоди за предност на Спарта Прага од 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Лаци во 58. минута од натпреварот.
Болоња не ја искористи предноста на домашен терен, италијанскиот тим имаше повеќе од играта, создаде голем број на шанси, но не ја затресе мрежата на Шахтар. Мечот заврши 0-0.