вторник, 22 октомври 2024

Советот за безбедност на ОН го продолжи мандатот на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Советот за безбедност на ОН денеска го продолжи мандатот на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, а Резолуцијата со која се потврдува продолжувањето на оваа Мисија Алтеа беше едногласно усвоена.

Објавено на

часот

Сподели

Беше нагласена важноста на улогата на ЕУФОР за мирот и стабилноста во БиХ. Постојаната претставничка на Швајцарија во ОН, Паскал Бересвил, го поздрави едногласното усвојување на Резолуцијата, наведувајќи дека мисијата Алтеа дава значаен придонес во зачувувањето на мирот во Босна и Херцеговина и игра клучна улога во стабилизацијата на регионот.

Таа додаде дека Швајцарија ќе продолжи да ја поддржува Мисијата во исполнувањето на нејзиниот мандат. Во Њујорк се одржа седница на Советот за безбедност на ОН посветена на ситуацијата во БиХ. На седницата се обрати претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, а високиот претставник Кристијан Шмит не присуствуваше на седницата.

Владата на Република Српска го испрати 30-тиот Извештај до Советот за безбедност, во кој ја истакна важноста да ѝ се стави крај на „незаконската и дестабилизирачка улога на Кристијан Шмит како неизбран странски диктатор на Босна и Херцеговина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ