вторник, 22 октомври 2024

Советот за безбедност на Косово не донесе одлука за забрана за влез на српски регистарски таблички

Објавено на

часот

Сподели

Советот за безбедност на Косово, исто така, предложи да се забрани движењето на камионите од централна Србија, доколку тие претставуваат опасност. На седницата на Советот не беа споменати патничките возила, јави известувачот на Н1.

На административните премини рекоа дека добиле решение кое се однесува само за товарните возила.

Портпаролот на Владата, Перпарим Криезиу, во средата навечер изјави дека косовските институции донеле одлука да го зголемат нивото на граничната контрола откако српската полиција уапси тројца припадници на косовската полиција.

„Од безбедносни причини институциите одлучија да го зголемат нивото на граничната контрола. Поради тоа, како итен чекор, беше одлучено да се забрани влез на возила со српски регистарски таблички во Република Косово, додека продолжуваат анализите на состојбите од страна на безбедносните институции. Следниве постапки ќе бидат преземени врз основа на препораките на институциите за спроведување на законот“, рече Криезиу.

Косовските медиуми претходно објавија дека Владата на Косово донела одлука да го забрани увозот на стоки од Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ