недела, 24 ноември 2024

Советот на јавните обвинители избра по двајца обвинители во републичкото обвинтелство и во ОЈО ГОКК

Советот на јавните обвинители на Македонија денеска за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Македонија ги избрал јавните обвинители – Валентина Стојановска и Златко Биковски, а за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избрани јавните обвинители – Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од СЈОРМ, за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола е избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, а за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје е избрана јавната обвинителка Наташа Крстева Цалева,

Понатаму на денешната, трета седница, како што дополнуваат од СЈОРМ, се донела одлука за мирување на функцијата јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола на Ирина Трајкоска Стрезоски, поради избор за директор на Академијата за судии и јавни обвинители и се донела одлука за номинирање на членот на Советот – Зорица Павловиќ за заменик член на Етичкиот совет на јавни обвинители.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ