петок, 18 октомври 2024

Советите уништија катедрала во Одеса во 1936 година. Војската на Путин повторно го стори истото минатата ноќ (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Катедралата Преображение е импозантно здание изградено во 1794 година, срамнета од Советите во 1936 година и обновена во 1999 година. Таа беше осветена од рускиот патријарх Кирил неколку години подоцна. Автокефалната Украинска православна црква ја презеде контролата над катедралата пред неколку години, додека претходно ѝ припаѓаше на проруската Украинска православна црква на Московската патријаршија.

Во нападот на Одеса беа оштетени и пристанишната инфраструктура и неколку станбени згради. Русија со денови ги бомбардира силосите за жито во Одеса, под изговор дека таму има и воени цели. Нападите уследија по едностраното повлекување на Русија од договорот за извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море, вклучително и Одеса.

Според украинската војска, Русите користеле пет различни видови ракети и крстаречки ракети. Во историскиот, стар дел на Одеса, во нападите беа уништени и неколку музеи, што предизвика бран критики.

 

Одеса, чиј историски центар е вклучен во листата на светско наследство, редовно е цел на руски напади. Градот доживеа „пеколна ноќ“ во четвртокот, при што Киев ја обвини Москва дека ја таргетира пристанишната инфраструктура за да го спречи можното обновување на украинскиот извоз на жито.

Во петокот, УНЕСКО „најостро ги осуди“ руските напади врз „неколку музеи“ кои „претрпеа штета“. Руското гранатирање продолжува и во други делови на Украина, во градот Купјанск, источниот регион Харков, Краснопил и Суми во североисточна Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ