сабота, 19 октомври 2024

Соработник на Додик: Треба да се причека новиот однос на силите во светот па да се подели БиХ

Објавено на

часот

Сподели

На седницата на Народното собрание на Република Српска одржана во Бања Лука, на чиј дневен ред беше резолуцијата со која овој ентитет би ги поддржал барањата на Белград во односот спрема Косово, Стевандиќ ги уверуваше претставниците дека треба да се инсистира на оспорување на косовската независност.

Тој кажа дека за тоа, исто како и за целите на раководството на босанските Срби, ќе дојде време кога ќе се промени односот на силите во светот.

„Треба да се причека новиот распоред на силите

„Треба да се причека новиот распоред на силите и тој ќе биде“, рече Стевандиќ, кој се смета за близок сојузник на актуелниот лидер на босанските Срби Милорад Додик, кој веќе со години отворено се заканува со отцепување на РС од БиХ.

Тезата на Стевандиќ е дека треба да се биде трпелив и да се причека моментот во кој повеќе „нема да има отпор“ за самостојно решавање на Србите, очигледно алудирајќи на поддршката на Западот на територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ како и на независноста на Косово.

„РС има одлични контакти, водиме сјајна и избалансирана политика“

Стевандиќ на крајот на мај престојуваше во Русија за таму наводно да разговара за прашањата за заштита на околината и притоа се состана со заменикот на претседателката на Советот на Федерацијата на рускиот парламент Константин Косачев.

Потоа се пофали дека РС има „одлични контакти“ и дека води „сјајна и избалансирана политика“. Само неколку дена пред тоа во Русија беше и Додик, кој во Москва се состана со Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ