петок, 25 октомври 2024
Време

Сончево со мала облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.

Утре времето ќе биде умерено до значително облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец кој повремено во јужните делови ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој повремено ќе засилува.

Дневните температури ќе се движат од 19 до 28 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ