вторник, 22 октомври 2024
Време

Сончев и натпросечно топол викенд, од понеделник дожд

Продолжува влијанието на топлата воздушна маса од југ. И викендов времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло. Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска времето ќе биде многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 30 до 40 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ