недела, 24 ноември 2024

Собраниска делегација од Македонија на Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Женева

Делегација на Собранието, предводена од собранискиот спикер Африм Гаши, ќе учествува на 149-то Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што од денескa до 17 октомври ќе се одржи во Женева, Швајцарска Конфедерација.

Објавено на

часот

Сподели

Во состав на Делегацијата, како што информираат од собраниската прес-служба, се пратениците Дафина Стојаноска, Фатмир Битиќи, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Бобан Карапејовски и Борислав Крмов, како и генералната секретарка Марина Димовска.

Главна тема за дискусија на 149-то Собрание на ИПУ е „Искористување на науката, технологијата и иновациите за помирна и одржлива иднина“. Комисиите на ИПУ ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: влијанието на вештачката интелигенција врз демократијата, човековите права и владеењето на правото, парламентарни стратегии за ублажување на долготрајното влијание на конфликтите врз одржливиот развој, улогата на парламентарците во спречување на конфликти во врска со природните ресурси и др.

Во рамките на 149-то Собрание седници ќе одржат „Форумот на жени парламентарки“, „Форумот на млади парламентарци“ и „Здружението на генералните секретари на парламентите“.

Интерпарламентарната унија е светска организација на парламентите, во која членуваат 180 национални парламенти и 15 меѓународни парламентарни собранија. Основана во 1889 година, ИПУ е најстарата мултилатерална политичка организација и најголемата меѓупарламентарна асоцијација. Унијата работи на зачувување на мирот и промовирање позитивни демократски промени преку политички дијалог и конкретни активности. Светската организација на парламентите има седиште во Женева и тесно соработува со Организацијата на Обединетите нации и другите партнерски организации, чии цели ги споделува.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ