понеделник, 21 октомври 2024

Собранието го поддржа донесувањето на законот за данокот на солидарност по скратена постапка

Објавено на

часот

Сподели

Предлог-законот предвидува воведување данок на солидарност за 2023 година како еднократна и вонредна јавна давачка.  

„Со оглед дека не се работи за обемен и сложен закон, се предлага да се донесе по скратена постапка. Целта на законот е секој да учествува во намирување на јавните расходи согласно своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од енергетската и ценовната криза. Воведувањето данок за солидарност е од општ интерес за сите граѓани, а базира на начелата на правичност, еднаквост и пропорционалност.  Со Предлог-законот се врши усогласување со регулативата на Советот на ЕУ за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата“, рече Николоски.

Поддршка за донесување по скратена постапка добија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, како и Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ