петок, 18 октомври 2024

Соборени дронови над Москва, недалеку од руското Министерство за одбрана

Објавено на

часот

Сподели

Во Москва претходно беше соопштено дека на Комсомолски проспект 17, во центарот на Москва, се пронајдени остатоци од дрон и дека сообраќајот е во прекин во тој дел од градот. Ројтерс јавува дека локацијата е на околу 2 километри од зградите на Министерството за одбрана.

„Утрото на 24 јули беше спречен обид на киевскиот режим да изврши терористички напад врз објекти во Москва со помош на два дрона. Две украински беспилотни летала се срушени откако беа електронски попречени“, соопшти руското министерство, додавајќи дека нема жртви, пренесува ТАСС.

Според претставници на министерството, искршени се прозорци на површина од 50 квадратни метри на 17 и 18 кат во деловна зграда во центарот на Москва.

Нападите со беспилотни летала на две згради во Москва на својот канал на Телеграм ги потврди и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

„Утринава околу 04:00 часот се регистрирани напади со беспилотни летала на два нестанбени објекти, без поголема материјална штета или повредени. Сите служби за итни случаи се ангажирани на лице место“, напиша градоначалникот на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ